Svijet Sjeverna Makedonija
Меџити: Денес беше потпишан договорот за автопатот Скопје–Блаце

Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 12:14:40
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека со денешното потпишување на договорот за реализација на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, инвестиција вредна над 200 милиони евра, започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата. Според Меџити, овој проект значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу Скопје и Приштина, ќе го олесни сообраќајот и ќе создаде подобри услови за економски и регионален развој. „Денес беше потпишан договорот за автопатот Скопје–Блаце. Ние не се мериме со ветувања, туку со потпишани договори, проекти во реализација и конкретни резултати кои остануваат во служба на граѓаните,“ изјави Меџити.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

