Меџити: „Чаир во ритамот на здравјето“ се проширува со јавни предавања и здравствени совети

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со лекарите вклучени во платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, на која беа договорени следните активности што ќе се реализираат во рамки на оваа иницијатива. Почнувајќи од следната недела, во просториите на Општина Чаир ќе се организираат јавни предавања со педијатри, гинеколози, матични лекари и други специјалисти, кои ќе споделуваат стручни совети и корисни информации за зачувување на здравјето и значењето на превенцијата. Паралелно со тоа, медицинските тимови ќе продолжат секојдневно да бидат присутни во парковите во Чаир со информативни пунктови, каде што граѓаните ќе можат да добијат здравствени совети, да го измерат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, како и да се информираат за важноста од редовните превентивни прегледи. „Нашата цел е здравствената грижа да ја доближиме до секој граѓанин. Преку оваа платформа градиме култура на превенција и создаваме можности граѓаните да добијат стручни совети и основни здравствени услуги во својата заедница,“ изјави Меџити.


