klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мецола: Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат

Мецола: Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 09:41:25

Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во 2004 година, економскиот раст, животниот стандард и квалитетот на живот што им беа донесени на тие земји јасно покажуваат дека проширувањето е вин-вин ситуација не само за земјите што сакаат да станат членки туку и оние што веќе се дел од Унијата - посочи претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на „Економист“ порачувајќи дека стагнацијата не помага, а континуираниот статус кво носи само разочарување, јави дописничката на МИА од Атина. Мецола и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дискутираа на официјалната гала-вечера на тема „Напредокот во време на превирања“, а и двајцата се осврнаа и на проширувањето на Европската Унија, особено со земјите од Западен Балкан, истакнувајќи ја важноста овој процес да оди напред и да нема стагнација. Претседателката на Европскиот парламент посочи дека сега повеќе од десет земји сакаат да станат членки на Унијата и изрази задоволство што веќе се разговара за тоа кои чекори треба да се преземат пред проширувањето. - Секоја земја има свој пат и напредува врз основа на сопствените заслуги. Но, не смееме тие земји бесконечно да ги оставаме да чекаат. Присуствувавме на безброј самити ЕУ - Западен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti