klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

МД „Илинден“-Тирана: Неприфатливи се обидите за одземање на правото на глас на дијаспората

МД „Илинден“-Тирана: Неприфатливи се обидите за одземање на правото на глас на дијаспората
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·07. 07. 2026. 10:43:40

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана во соопштение за јавноста ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Здружениетео оценува дека таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. „Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија“, се вели во соопштението. Во соопштението на „Илинден“-Тирана се додава дека Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој. „Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот. Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас“ – се нагласува понатаму во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај. Друштвото ги повикува сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti