klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мбапе: Не бевме на нивото на полуфинале на СП

Мбапе: Не бевме на нивото на полуфинале на СП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 07. 2026. 06:24:58

Фудбалерот на Реал Мадрид и француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе смета дека биле целосно надиграни од Шпанија. „Не го одигравме натпреварот онака како што сакавме – тактички, технички. Шпанија се држеше до својот план на игра и остана верна на себе, тие се тим кој сака да ја контролира топката и темпото. Нашата идеја беше да се соочиме со нив високо на теренот и да не им дозволиме да го наметнат тој ритам, но тоа не функционираше. Имаше премногу технички недостатоци. Им дозволивме да ја диктираат играта. Од самиот почеток, кога ги притискавме, постојано беа побројни во средината на теренот, а против Шпанија, тоа е смртна пресуда. Фабијан и Родри имаа многу време за додавања. Требаше да играме еден на еден, принудувајќи ги да нè бркаат, бидејќи овој тим мрази да трча без топка. Нашите додавања и први допири технички не беа на ниво за полуфинале на СП. Кога сето тоа ќе се спои, крајниот резултат е пораз“, изјави Мбапе.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti