Машката штафета на Велика Британија најдобра на 4 х 200 метри

Машката штафета на Велика Британија, 4х200 метри слободно, во состав Мет Ричардс, Џек Мекмилан, Џејмс Гај, Данкан Скот стана нов европски првак и со резултат 7:01.52 минути (нов рекорд на шампионатите) ја победи конкуренцијата. Французите Леон Маршан, Натан Ларжерон, Колен Кристофини, Роман Фукс освоија само сребро, а Германците Лукас Мертенс, Јанис Соргиус, Јарно Башнит, Корнелиус Јан се закитија со бронза. Во женската штафета 4х200 метри слободно исто така доминираа Британките. Фреја Колберт, Еби Вуд, Лиа Шлошан, Фреја Андерсон низ целта минаа со време 7:45.93 минути (нов рекорд на шампионатите). Унгарскиот тим во состав:Николет Падар, Мина Абрахам, Ајна Кешељ, Пана Уграи се закити со сребро, а руските пливачи (регистрирани како неутрални спортисти) Ксенија Мишарина, Јана Дјакова, Алиса Сурушкина, Дарија Клепикова завршија на најниското место на пиедесталот и освоија бронзено одличје.


