klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 18:16:29

Американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“, Илон Маск, изјави дека очекува системите за вештачка интелигенција во следните пет години да ја надминат вкупната човечка интелигенција, а повторно оцени и дека Велика Британија во наредните две децении би можела да се соочи со граѓански судир. Во интервју за британскиот неделник „Економист“, Маск изјави дека роботите во рок од десет години ќе преземат најголем дел од физичките и дигиталните работни задачи, што, според него, ќе доведе до „неверојатно изобилство“, во кое парите ќе имаат многу помало значење. - Вештачката интелигенција може за еден ден да ме однесе од воодушевување до ужас - рече Маск, додавајќи дека неговиот „филозофски заклучок е да се гледа посветлата страна“. Според него, системите за вештачка интелигенција и роботите на крајот ќе ја извршуваат најголемата дел од дигиталната и физичката работа, со што човечкиот труд ќе стане „опционален“. Поради тоа, додаде Маск, би можела да биде потребна голема прераспределба на богатството и воведување, како што рече, „универзален висок приход“. Истовремено оцени дека владите едноставно би можеле „да им издаваат чекови на луѓето“, бидејќи во економија во која машините произведуваат речиси неограничени количества стоки и услуги, дефлацијата би можела да претставува поголем проблем од инфлацијата. Говорејќи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti