Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска ги споија гласовите во првиот дует – „Луди и наивни“ љубовна приказна што освојува на прво слушање

Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму таква е „Луди и наивни“, првиот заеднички музички проект на Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска, кој од денес е достапен на YouTube и на сите дигитални музички платформи. Со модерен поп-звук, суптилен регетон ритам и искрена емоција, „Луди и наивни“ носи приказна за љубовта што не признава правила. За чувствата што нè тераат да веруваме без резерва, да ризикуваме, да простуваме и, понекогаш, да бидеме токму она што го носи и самиот наслов, луди и наивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои Роберт Билбилов, автор кој со години создава хитови што остануваат да живеат меѓу публиката. И овојпат неговиот препознатлив музички печат резултира со композиција која уште при првото слушање остава силен впечаток. Целата приказна добива дополнителна димензија преку видеоспотот во режија и продукција на Алек Тасевски | Eye Contact, кој со внимателно изградена визуелна естетика ја следи емоцијата на песната и ја претвора во впечатлива музичка слика. Иако ова е нивна прва соработка, Мартинијан и Драгана звучат како музички тандем кој долго време чекал да се случи. Нивните вокали природно се надополнуваат, создавајќи искрен дијалог исполнет со емоција, динамика…
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!

РИПНА ОД ПРОЗОР УАПСЕН ЗА ДРОГА, АМА ЕВЕ ГО УАПСЕН ВО СКОПЈЕ
