klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мартинез го разбесни раководството на Манчестер Јунајтед

Мартинез го разбесни раководството на Манчестер Јунајтед
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 10. 2026. 04:38:26

Иднината на Лисандро Мартинез во Манчестер јунајтед е доведена во прашање по неговите остри критики кон раководството на клубот, а постојат сериозни сомнежи дали договорот на аргентинскиот дефанзивец ќе биде продолжен кога ќе истече на крајот од сезоната. Скај Спорт открива дека клубот разгледува можности за ангажман на нови централни дефанзивци, како и леви бекови. Раководството сè уште не одлучило дали ќе го казни Мартинез за неговите изјави по натпреварот со Атлетико Мадрид. Според информациите на „Скај Спортс“, неговите зборови предизвикале гнев и неверување, како меѓу луѓето во управата, така и во соблекувалната на Манчестер јунајтед. Најмалку еден негов соиграч директно му се спротивставил поради изјавите додека тимот се качувал во авионот за враќање во Манчестер.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti