Мартин најбрз на спринтот во Силверстон

Водечкиот во генералниот пласман на Светскиот шампионот во Мото ГП, шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин (Априлија) триумфираше во денешната спринт трка за Големата награда на Велика Британија во Силверстон. Мартин водеше од првиот до последниот круг и ја мина целта 1,53 секунди пред второпласираниот Јапонец Аи Огуре (Трекхаус), а за 3,97 секунди беше побрза од својот италијански колега Марко Безеки. Актуелниот светски првак, Шпанецот Марк Маркез (Дукати) потфрли, освојувајќи го деветтото место. Со денешната победа, Мартин го зголеми своето водство во генералниот пласман, со 220 бодови, 17 повеќе од второпласираниот Огура. Безеки сега е третопласиран со 193 бодови, додека Маркез падна на четвртото место (191) View this post on Instagram A post shared by MotoGP™ (@motogp)


