Sport Sjeverna Makedonija
Марио Хезоња заминува од Реал Мадрид

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 16:47:58
Марио Хезоња е пред враќање во НБА, откако ја извести управата на клубот на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата во договорот што му овозможува да замине во најсилната кошаркарска лига во светот. Според информациите на медиумите од Шпанија самиот кошаркар ќе си ја плати откупната клаузула во висина од 875.000 долари за да стане слободен играч. 30-годишниот кошаркар сака повторно да се докаже во НБА, каде што претходно настапуваше за Орландо Меџик, Портланд Трејл Блејзерс и Њујорк Никс. Во американските клубови и натаму постои интерес за неговите услуги, особено по одличните настапи што ги имаше во дресот на Реал Мадрид.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


