Марија Митева: „Честа не е во функцијата, честа е во довербата“

Со голема благодарност и одговорност, ја прифатив довербата што ми ја укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Извршниот комитет, да ја предводам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација која претставува двигател на посветеноста, пожртвуваноста и политичката сила - напиша Марија Митева на фејсбук, новата претседателка на Унијата на жени на партијата. -Благодарам за можноста, но уште повеќе за одговорноста! Верувам дека лидерството не започнува со титулата. Започнува во моментот кога ќе одлучите дека повеќе не е доволно само да бидете дел од процесите, туку да преземете одговорност да ги водите, да ги подобрувате и да создавате нови можности за другите. Женскиот глас мора да биде уште погласен на местата каде што се креираат политиките, се носат одлуките и се гради иднината. Не затоа што бараме привилегија, туку затоа што заслужуваме еднаква можност да придонесуваме со своето знаење, интегритет и лидерство, додаде таа. Митева во објавата напиша дека ќе биде претседателка која слуша, која обединува и која ќе работи, бидејќи според неа, најсилни сме тогаш кога се поддржуваме меѓусебно, а најголемите промени не започнуваат кога некој ќе ни даде можност, туку кога ќе ја прифатиме одговорноста. -Сакам Унијата на жени да биде повеќе од организација што мобилизира. Сакам да биде…


