klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Маратонците го трчаат почесниот круг

Маратонците го трчаат почесниот круг
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·04. 07. 2026. 07:21:05

Се сеќавате на антологискиот „Маратонците го трчаат почесниот круг“, ексју ремек дело со Богдан Диклиќ, Павле Виусиќ, Сека Сабљиќ, Мија Алексиќ, Бора Тодоровиќ и останатите ликови кои жустро се караат околу наследството што го оставил штотуку починатиот Пантелие Топаловиќ. Бива што бива во оваа трагикомедија или сатирична црна комедија, богато проткаена со елементи на гротеска. Преку апсурдни и бизарни ситуации сите тие завршуваат лошо, многу лошо... Туку, ве асоцираат ли на едни современи, самобендисани амандмански „маратонци“, кои исто така го трчаат почесниот партиски круг и се караат околу она малку што им останало од наследството на родоначалникот Црвенковски? Абе, копија. Само што режијата не е на Слободан Шијан. Овие наши ајвани ги режира, ребри, рчка, с’ска, ремети и зеза една дилајла црпната од муртинските ниви. А пустите не сфаќаат дека тонат заедно со него, во 6-та. Затоа и сценариото е многу победно, полуцидно и поевтино... 13.000 амандмани за Изборниот законик. Ова се последните чекори на „маратонците“ од СДС кои го трчаат почесниот, последен круг. Круг, по кој Венко и бандата од врхушката наскоро ќе „трчаат“ кругови надвор од „кругот“ на седиштето на Бихаќка. Велат, дека и онака, круговите кои ќе ги правеле во иднина ќе биле многу кратки, временски ограничени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti