Манила: Лавров и Рубио разговараа за Украина, Персискиот Залив и нормализација на дипломатските односи

Ситуацијата во Украина, регионални и меѓународни прашања, како и нормализација на условите за работа на дипломатските мисии на Русија и на САД, биле главните теми на разговорот на министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Марко Рубио одржан на маргините на самитот на АСЕАН во Манила. Според руското МНР, на средбата, што траела повеќе од половина час, Лавров го информирал Рубио за состојбата на линијата на раздвојување во Украина притоа оценувајќи го „неприфатливо“ понатамошното вооружување на Киев. Шефот на руската дипломатија ја критикувал, како што е наведено во соопштението, „дестабилизирачката политика“ на европските земји, кои настојуваат да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија. „Лавров повторно ја потврди подготвеноста на руската страна за политичко-дипломатско решавање на конфликтот и посветеноста на предлозите што американската страна ги изнесе на средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Енкориџ, а кои рускиот претседател ги прифати“, соопшти руското МНР. Во текот на разговорите биле разгледани и прашања поврзани со состојбата во Персискиот Залив, како и други регионални и меѓународни теми. Лавров и Рубио ја поздравиле обновата на целосниот формат на контакти меѓу руската државна корпорација „Роскосмос“ и американската НАСА, како и развојот на меѓупарламентарната соработка и културните врски. Посебно внимание било посветено на создавање…
Povezane vijesti
Administrativni odbor nije izabrao članove CIK-a, Komisija traži da iniciraju izmjene zakona

Njemački ministar: Višestepeni sistem i pridruženo članstvo kao novi putevi za proširenje EU
