klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манчев: Босилово напредува со нови водоводни и канализациски системи, реконструкција на училиштето во Еднокуќево и асфалтирање на улици и патишта

Манчев: Босилово напредува со нови водоводни и канализациски системи, реконструкција на училиштето во Еднокуќево и асфалтирање на улици и патишта
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 09:53:42

Измина една година откако по втор пат ми ја дадовте довербата да ја извршувам функцијата градоначалник на Општина Босилово. Вашата доверба за мене значи чест и почит, но истовремено значи и одговорност и обврска, секојдневно и неуморно да работам за решавање на проблемите во Општина Босилово и обезбедување на услови за развој на Општина Босилово, истакна денеска на прес конференција Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово. Во изминатите дванаесет месеци, Општина Босилово реализираше и во тек е реализација на низа проекти и активности насочени кон подобрување на условите за живот во сите населени места, унапредување на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот, културата и заштитата на животната средина. За првпат во Општина Босилово, во населено место Моноспитово, се гради фекална канализација. Проект вреден околу 2.000.000 евра, истиот е во напредна фаза на реализација и финансиската конструкција за овој проект е целосно затворена. Се гради и водовод во населените места Иловица и Штука, проект кој што заедно со резрвоарите чини околу 800.000 евра. Оваа е најголемата инвестиција во водоснабдителен систем во Општина Босилово во последните 20 години. Комплетно се реновира и основното училиште во Еднокуќево, инвестиција во вредност од 15.000.000 денари. Очекуваме до крајот на овој месец, училиштето да биде пуштено во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti