klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари, СДС и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на дијаспората и реформите

Манасиевски: Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари, СДС и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на дијаспората и реформите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 10:21:14

Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ, соопшти Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат или пак по пошта. Овој предлог беше одбиен од страна на Венко Заев и СДС затоа што кај нив владее страв за тоа дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори, додаде тој. Од друга страна пак, Апасиев и Левица, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, меѓу сите политички партии, за да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори. Жално е што на ваков начин се обидуваат да добијат политички поен повеќе, потенцира Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Едноцифрените рејтинзи на СДС, но и на Левица…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti