Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз

СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што токму тие луѓе заминаа од државата поради нивното катастрофално раководење со Македонија. Свесни за исходот, одат против носење на нов Изборен законик, додаде тој. Од друга страна пак, го имаме Апасиев и Левица на кои никогаш не им е доста од повеќе пари, па од кога ја исцедија сопствената партија, побараа повеќе пари за финансирање на кампњата, нешто што едногласно беше прифатено за новиот Изборен законик. Меѓутоа, глумецот Апасиев сака да се претстави како тврдокорен и тој договор што го прифатија позади завесата за нов Изборен законик, не му одговара пред завесата и не сака да го потпише договорот, за да се покаже пред своето мало гласачко тело како Робеспјер, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ниската доверба како и падот на рејтингот на СДС и…


