klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Манасиевски: Венко е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството и кризата во Гостивар

Манасиевски: Венко е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството и кризата во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 13:49:48

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој нема кредибилитет да зборува за состојбите во здравството и за актуелната криза во Гостивар. Манасиевски изјави дека, наместо да ја обвинува Владата и ВМРО-ДПМНЕ, Филипче треба да побара одговорност од своите коалициски партнери, како и од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Во своето обраќање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за, како што рече, лошото менаџирање на здравствениот систем во периодот кога беше министер за здравство. Притоа ги спомена справувањето со ковид-кризата, пожарот во модуларната болница во Тетово, нереализираниот проект за нов Клинички центар, случајот со Клиниката за онкологија, како и наводни неправилности поврзани со јавни набавки. Манасиевски изнесе и низа обвинувања за, како што наведе, корупција и луксузен живот на поранешни функционери на СДСМ, додавајќи дека тие треба да понесат одговорност за своето работење. „Венко Филипче и СДС треба да понесат одговорност за сè што се случуваше во државата изминатите години. Тоа ќе се случи кога обвинителите и судиите ќе почнат да судат правда, а не изговори“, изјави Манасиевски. СДСМ и Венко Филипче засега немаат реакција на изнесените обвинувања. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=ErchQ9J9hSI[/embed]

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti