klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·08. 07. 2026. 09:41:56

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за измените на Изборниот законик, но СДС, Левица и ДУИ најпрво треба да усогласат ставови меѓу себе, порача портпаролот на партијата Валентин Манасиевски. Тој обвини дека опозициските партии испраќаат различни пораки во јавноста и дека постои политичка конфузија околу новиот Изборен законик. „СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати сè што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта“, изјави Манасиевски. Според него, не може едни исти предлози еден ден да бидат предмет на договор, а следниот ден да бидат блокирани. „Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања“, рече тој. Манасиевски посочи дека партиите треба да ги усогласат ставовите за прашањата како една изборна единица, моделот на финансирање на изборните кампањи, начинот на решавање на приговорите, како и моделот за гласање на дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат проблем да разговараат за прашања поврзани со унапредување на политичкиот систем, реформите и европската интеграција. „Изборниот законик не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации. Доколку СДС, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор, ВМРО-ДПМНЕ…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti