klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ повторно покажаа дека колку полошо за Македонија, толку подобро за нив

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ повторно покажаа дека колку полошо за Македонија, толку подобро за нив
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 09:47:27

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека СДС, Левица и ДУИ повторно ги ставиле партиските интереси пред државните, оценувајќи дека нивното однесување придонело да не биде усвоен новиот Изборен законик. Манасиевски истакна дека Владата успешно реализирала девет од десетте реформи од Реформската агенда, но дека последната не била исполнета поради, како што рече, блокадата од страна на трите опозициски партии. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Не дојдовме до таа последната токму поради блокадата на СДС, Левица и ДУИ. Кога е потребен консензус, тие избираат конфронтација“, изјави Манасиевски. Тој оцени дека целта на опозициските партии не е подобрување на изборниот процес, туку, како што рече, спречување на нов реформски успех на државата. Во своето обраќање, Манасиевски порача дека, според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да биде заложник на политички блокади и дека реформските процеси ќе продолжат и во наредниот период. https://www.youtube.com/watch?v=yDZBgTpg6xw&authuser=1

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti