klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 07. 2026. 10:04:44

Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti