klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 09:43:35

Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи, овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии, додава тој. „Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции. Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија. Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата. Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине“, истакна Манасиевски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=rsVFbLwcsbM&t=4s[/embed]

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti