klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија

Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 09:54:59

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат. Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат. Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti