Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни

Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат. Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари“, потенцира тој. Манадиевски додаде дека треба да биде кристално јасно за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, а тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДС. Ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите. Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=xjpuoNGoB9A[/embed]
Povezane vijesti

Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик

Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик
