klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Манасиевски: Граѓаните се најголемите победници од владината реконструкција, која претставува освежување и чекор напред кон нови успеси

Манасиевски: Граѓаните се најголемите победници од владината реконструкција, која претставува освежување и чекор напред кон нови успеси
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 08:32:45

Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој истакна дека владината реконструкција претставува освежување од кое најголеми добитници се граѓаните. Тој исто така посочи дека на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучила Турска демократска партија, покрај коалициските партнери Вреди и ЗНАМ. „Секогаш има простор за нови луѓе јас секогаш го подржувам тоа, така да сметам дека губитник во оваа реконструкција нема, туку има само победници, а тоа се граѓаните, тоа е народот и тоа е оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со владините коалициони партнери Вреди и Знам, тука да надополнам само дека пред вчерашната седница на ИК во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се вклучува и Турската демократска партија. Така да сумирам дека победници на оваа реконструкција се граѓаните и ние продолжуваме да работиме во нивен интерес“, вели Манасиевски. Портпаролот Манасиевски во емисијата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години, работела чесно, одговорно и транспарентно и реализирала проекти во области како транспорт, образование, дигитализација, економија, плати и пензии. Тој оцени дека Владата ја стабилизирала државата и поставила темели за понатамошен развој. „Изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и како влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи со една влада односно чесно…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti