klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Макрон во посета на Саудиска Арабија

Макрон во посета на Саудиска Арабија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 06:56:25

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна синоќа во Ријад во ненајавена посета и тоа е првиот европски лидер што ја посетил Саудиска Арабија откако хутите ги интензивираа нападите врз таа држава овој месец. Макрон се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија и де факто лидер Мохамед бин Салман, со кого разговараше за регионалните и меѓународните случувања, како и за координирање на напорите за зајакнување на безбедноста и стабилноста, јави Ал Џезира. Посетата е остварена откако Саудиска Арабија се согласи да испорача дополнителен дизел во Франција, соопшти Елисејската палата. „Целта на посетата е да се покаже солидарноста на Франција со Кралството во услови на напади на хутите на нејзина територија и да се продолжат напорите насочени кон обезбедување и диверзификација на снабдувањето со гориво“, се вели во соопштението. Макрон претходно ги посети Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар како дел од неговата турнеја на Блискиот Исток. Елисејската палата вчера објави дека Макрон договорил испораки од 200.000 тони дизел месечно од ОАЕ и Бахреин.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti