klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Македонското поп дуо „Коктел“ со нова песна: „Помисли на мене“

Македонското поп дуо „Коктел“ со нова песна: „Помисли на мене“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 07. 2026. 08:19:32

По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонско поп дуо „Коктел“ имаат нова парче музика од својата понуда. Овој пат во духот на нивното име, Блаже Темелков и Стевче Грозданов ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов. „Помисли на мене“ е насловот на новата песна која во многу нешта потсетува на ретро звукот на 80-ите и 90-ите, години кога и домашната и светската музика ги нижеше своите најголеми хитови, кои со текот на годините (о)станаа безвременски. Така некако звучи и новата, трета по ред песна од возобневаната фаза на дуото „Коктел“, направена во реге – поп манир, зачинета со балкански шмек, што и дава поголема слушливост не само за оние кои ќе се потсетат на старите добри времиња, туку и на овие од помладата генерација на која „балканската музичка школа“ им е стил на живот и забава. Како да е, во суштина е лесна, певлива летна тема, подобна за вртење на комерцијалните радија, која ќе ја разбие ултра модерната шема и збогати нивната плеј листа со нешто малку поинакво, а сепак подеднакво добро и слушливо. Не е рап, трап или ар ен би, ама затоа е „ретро бикини хит“! Авторско – продуцентскиот тандем и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti