Sport Sjeverna Makedonija
Македонските ракометни кадети се деветти на ЕП

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·09. 08. 2026. 15:05:33
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветото место на Европското првенство, откако на последниот натпревар го победи Израел со 39-29. Првото полувреме не беше најдобро, противникот ја имаше иницијативата водеше и со четири гола разлика (10-14). Полсе негативата од 19-20 на одморот следеше фуриозна игра. Веднаш на стартот на вториот дел, Македонија поведе со 22-20, по што полека, но сигурно ја зголемуваше позитивата. Со серија од 9-0 дојде до убедлива двоцифрена позитива од 38-28 пред самиот крај на натпреварот. Дамчевски со осум погодоци беше прв стрелец во триумфот, зад него беше Вујичевски со шет погодоци.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

