Sport Sjeverna Makedonija
Македонските ракометари со победа ги заокружија подготовките пред младинското ЕП

Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 07. 2026. 15:25:41
Македонската младинска машка ракометна репрезентација со победа ги комплетираше контролните натпревари пред претстојното Европско првенство, откако денеска во Скопје ја совладаа Италија со 30:22. Избраниците на селекторот Игор Илиевски со сигурна и квалитетна игра дојдоа до четвртиот триумф во подготвителниот период, во кој претходно ја победија Грција со 29:28 и два пати Саудиска Арабија (22:21, 35-26). Европското првенство ќе стартува на 8 јули, а домаќин ќе биде Романија. Македонската репрезентација своите натпревари во рамки на групата Д ќе ги игра во градот Турда против Хрватска Данска и Норвешка. Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
