Македонските кошаркари со триумф над Словачка стартуваа на младинското ЕП

Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа го почна настапот на Европското првенство во Б Дивизијата за кошаркари до 20 години, откако вечерва во Братислава го совлада домаќинот Словачка со 71: 63 во рамки на воведното коло од групата А. Почетокот беше резултатски израмнет и откако Словаците имаа минимална предност по првата четвртина (17:15), македонските кошаркари одиграа извонредни десет минути во вториот период. Со цврста одбрана, агресивен пристап и разновидна игра во нападот, избраниците на селекторот Никола Велев целосно ја презедоа контролата врз натпреварот и на полувреме заминаа со предност од 41:28. Македонската репрезентација уште посилно го отвори второто полувреме и со серија од 10:0 ја зголеми разликата на највисоки 51:28. Сепак, домаќинот не се предаде и Словачка возврати со серија од седум неодговорени поени, а до крајот на третата четвртина ја намали негативата на 54:46. На почетокот на последниот период Словаците се доближија и на само пет поени негатива (57:52), но во клучните моменти македонските кошаркари со серија поени ја вратија двоцифрената предност (64:52) и заслужено стигнаа до првиот триумф на шампионатот. Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски со 15 поени, сите постигнати во првото полувреме. Марко Луканоски беше на чекор до „дабл-дабл“ ефект со 11 поени и девет…
Povezane vijesti

Македонските кошаркари со максимални шест победи ги завршија европските претквалификации
