klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Македонските кошаркари против Австрија и Кипар ги продолжуваат евроквалификациите

Македонските кошаркари против Австрија и Кипар ги продолжуваат евроквалификациите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 11:42:18

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска со жрепка во Минхен ги доби противниците во втората рунда од претквалификациите за Европското првенство во 2029. Жешката ја смести македонската репрезентација во групата „Ф“, заедно со селекциите на Кипар и на Австрија. Во втората претквалификациска рунда ќе се игра по двокружен систем и секоја репрезентација ќе одигра по четири натпревари, два на домашен и два на гостински терен. Натпреварите ќе се играат во август и ноември 2026, како и во февруари 2027 година. Пласман во главната квалификациска рунда за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи. Македонските кошаркари обезбедија пласман во втората претквалификациска фаза со максимални шест победи во воведната квалификациска рунда, кога избраниците на селекторот Берокал извојуваа по две победи над Луксембург, Ирска и Азербејџан.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti