klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Македонските кошаркари денеска против Луксембург ги комплетираат успешните претквалификации

Македонските кошаркари денеска против Луксембург ги комплетираат успешните претквалификации
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 10:16:06

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска на гостински терен против Луксембург ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. Со остварените пет победи во исто толку одиграни натпревари, македонските кошаркари веќе обезбедија пласман во следната фаза од претквалификациите и на гостувањето во „Националниот центар за спорт и култура“ во Луксембург ќе се обидат со максимален ефект да го заокружат успешниот настап во групата А. Еден од најстандардните репрезентативци во последните квалификациски циклуси Лука Стојановски очекува натпреварот да биде добра можност за дополнително воигрување на тимот и за поголема минутажа на сите кошаркари кои се во составот. „Факт е дека ова е натпревар без никакво резултатско значење. Освен тоа настапуваме без најдобрите играчи од Македонија. Но на тоа гледаме како одлична шанса за поголем простор за играчите кои се тука, од поискусните до оние најмладите. А тие минути индивидуално треба да ги одиграме зрело, а во меѓувреме да работиме на тимската хемија на теренот“, изјави Стојановски пред дуелот против Луксембург што започнува во 16 часот. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti