Македонските каратисти најуспешни на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија

Македонската репрезентација во традиционално карате остварија извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, кој се одржа на 4 јули 2026 година во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација освои вкупно 58 медали, од кои 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што го освои првото место во генералниот пласман. Второто место ѝ припадна на Турција, а третото на домаќинот – Бугарија. Особено се истакнаа Филип Недев, Тадеј Недев, Мартина Зафировска, Михаил Стојановски, Мила Владев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Александар Зафировски, кои освоија по неколку златни медали и дадоа значаен придонес за овој голем успех на македонската репрезентација. Денес продолжуваат натпреварите од Европското првенство за сениори, јуниори и кадети, на кои ќе настапат и македонските репрезентативци. За нивните резултати јавноста ќе биде дополнително информирана.
Povezane vijesti

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија
Македонија со половичен успех го заврши настапот на ФИБА YDF кампот во Чанаккале
