klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 08. 2026. 05:58:01

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори. Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши. Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот. Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година. Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа. - Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава. се трите стратешки национални интереси, за кои се дебатира на Советот на амбасадори, информира Муцунски. Целта е амбасадорите и генералните конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti