klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонски парадокс: Франкенштајн на бродот на Тезеј

Македонски парадокс: Франкенштајн на бродот на Тезеј
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·30. 06. 2026. 07:45:33

„Парадоксот на бродот на Тезеј“ уште се нарекува и „Парадоксот на Тезеј“ односно Плутарховиот парадокс на бродот на Тезеј бидејќи токму Плутарх, во неговото дело „Животот на Тезеј“, го сочувал од заборав. Каква врска има со Македонија? Или со Франкенштајн? Никаква, и секаква. Но, прво, многу кратко за митот за Тезеј, колку да знаеме за што говориме: Тезеј, митскиот основач и крал на Атина, убивајќи го Минотаурот ги спасува атинските деца давани како данок на критскиот крал Минос и ги превезува со брод на островот Делос. Во негова чест и спомен на овој настан атињаните го сочувале бродот како реликвија, континуирано го одржувале менувајќи ги деловите што со време гниеле и се распаѓале…, така што на крајот античките филозофи го поставиле прашањето: ако не останало ниту едно делче од оригиналниот брод, зарем тој и понатаму можел да се нарекува – бродот на Тезеј? Прифаќајки го овој парадокс современите филозофи го согледувале (и) во релација со идентитетот, што пак во многу аспекти нѐ поврзува со актуелната ситуација на државата подготвувана за целосен козметичко-идентитетски зафат. Тука е „врската“, пишува Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО. Зашто, после сѐ што неколку „умни“ глави ни подготвија, Македонија тивко но сигурно ќе се трансформира во македонски парадокс…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti