klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Македонската кадетската репрезентација ги стартуваше подготовките за ЕП

Македонската кадетската репрезентација ги стартуваше подготовките за ЕП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 10:59:40

Машката македонска кошаркарска репрезентација „Под 16“ години ги започна подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 6 до 15 август ќе се одржи во Гевгелија и Скопје. По завршувањето на селективниот процес, во кој беа вклучени околу 40 до 45 кошаркари од оваа возрасна категорија, стручниот штаб го скрати списокот на 16 кандидати. Првиот дел од подготовките е насочен кон проверка и подобрување на физичката подготвеност на репрезентативците. - Оваа прва фаза ја стартуваме со тестови за физичка проверка на кошаркарите на кои ќе сметаме во наредната фаза од подготовките. Оваа седмица ќе ја поминеме токму во секојдневно проверување и подигнување на физичката подготвеност кај играчите. Морам да истакнам дека успешно ги издржаа сите напори кои ги носат овие тренинзи, а тие никогаш не се лесни“, вели селекторот Дејан Стојановски. Покрај селекторот Стојановски, во работата со кадетската репрезентација се вклучени и асистентите Павел Вилев, Еркан Исмаили и Живко Старделов, како и Александар Зунзуровски, Александар Спирковски и Филип Колевски, кој е задолжен за физичката подготовка на репрезентативците. - За време на викендот планираме овие 16 играчи да ги поделиме во две групи кои ќе одиграат меѓусебен натпревар. Веќе следната недела нè очекуваат и првите вистински проверки. Од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti