klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Македонската берза го почнува проектот за поттикнување и подготовка на домашните компании за пазарно финансирање

Македонската берза го почнува проектот за поттикнување и подготовка на домашните компании за пазарно финансирање
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·08. 07. 2026. 06:39:52

Македонската берза денеска официјално ќе го почне проектот за поттикнување и подготовка на македонски компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PWC Македонија и PWC Хрватска. Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал преку издавање акции или обврзници, ќе учествуваат на специјална лидерска академија и ќе добијат конкретни препораки за понатамошна подготовка за пазарно прибирање финансиски средства. - Имплементацијата на проектот треба да придонесе за создавање на нови финансиски инструменти и издавачи на Македонската берза, велат од Македонската берза.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti