klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонката која прегази куче во Црна Гора оди во притвор

Македонката која прегази куче во Црна Гора оди во притвор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 15:50:14

Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ, во саботата ѝ одреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), државјанин на Македонија, поради основано сомнение дека еден ден пред тоа извршила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави црногорсиот портал „Вијести“. Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди мерка притвор до 72 часа и до Основниот суд во Улцињ поднесе предлог за притвор поради сомнение дека сторила кривично дело, на начин што, како што објави таа институција, го прегазила и убила кучето на сопственикот од расата „Шарпланинец“ во близина на булеварот Теута со патничко моторно возило „Мерцедес“. „На 25 јули 2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор на осомничената С.С. (43) од Скопјe до 30 дена, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора. Имено, како што е основано сомнение, осомничената прегазила и убила куче од расата Шарпланинац со своето возило. Притвор на осомничената ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti