„Македониумот“ во Крушево се заштитува од протекување

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. - Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат големи оштетувања, како и стаклените галерии, на лице место се монтира челичната конструкција која веќе е изработена. А е изработена од кутиести профили со различни димензии. Ќе биде поиставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво од Споменикот. Над конструкцијата се поставува лексан со дебелина од 16 милиметри. Со ова ќе постигнеме да не протекува повеќе вода во споменикот, изјави Сузана Грибовска, советник конзерватор, архитект во Заводот и музеј -Прилеп. Инвестицијата која треба да заврши пред 2 Август, чини 5,5, милиона денари. Годинава ќе почнат истражувањата и се изготвува основен проект за целосна конзервација на Македониумот изграден 1974 година. - Превентивата предвидува заштита на четирите витражни и на четирите галерии со стакло. Таа…


![[KVIZ] Svi moraju rasturiti na pitanjima o planeti Zemlji](https://net.hr/media/2026/02/24/1470332/H-1ea270b3-5f61-4ee0-919e-fad11cfecee4-1200.webp)