klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 14:22:18

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализираше во изминатиот период, предводени од министерката Сања Божиновска. Во рамките на посетата на Вашингтон, министерката Божиновска оствари средби со високи претставници на американската администрација, при што беше истакната важноста од развојот на регионалната енергетска поврзаност и диверзификацијата на снабдувањето со природен гас. Овие активности продолжија и на Energy Transition Summit во Атина, каде што министерката оствари билатерални средби со министрите за енергетика од регионот, по што беше отворен процесот за вклучување на Македонија во проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан. Одлуката беше потврдена на состанокот на операторите на гасните преносни системи, одржан во Атина, на кој беше договорено приклучувањето на НОМАГАС кон оваа регионална рамка за соработка. Покрај земјите кои веќе се дел од иницијативата – Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Словачка и Унгарија – во процесот на приклучување се и Македонија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti