klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Македонија со рекорден број на натпреварувачи на Медитеранските игри во Таранто

Македонија со рекорден број на натпреварувачи на Медитеранските игри во Таранто
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 16:41:48

Околу 130 македонски спортисти и членови на стручните тимови ќе ја претставуваат земјата на XX Медитерански игри во Таранто. Делегацијата ќе настапи во 19 спортови, што е најголемо македонско учество во историјата на ова натпреварување. Посебно внимание привлекува настапот во четири екипни спортови. Боите на Македонија ќе ги бранат женската одбојкарска и женската ракометна репрезентација, како и машката фудбалска репрезентација и машката селекција во баскет 3х3. Во изминатиот период спортистите ги реализираат завршните подготовки заедно со своите тренери и стручни тимови, со цел да ја достигнат најдобрата форма пред почетокот на натпреварувањата. Во периодот до почетокот на Игрите, јавноста ќе биде редовно информирана за составот на делегацијата, распоредот на настапите и резултатите на македонските спортисти преку официјалните канали на Македонскиот олимписки комитет.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti