Македонија со најевтино гориво, Албанија со најскапо

И покрај последното поскапување, Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во споредба со соседните земји. Од 25 август, Еуросупер БС-95 во Македонија се продава по цена од 93 денари за литар, што е околу 1,51 евро. Дизелот чини 101,5 денари, односно приближно 1,65 евра за литар. Во Косово бензинот се продава по околу 1,53 евра, а дизелот по 1,79 евра. Слични се цените и во Бугарија, каде литар бензин чини околу 1,53 евра, а дизелот околу 1,77 евра. Поголема разлика има во Србија. Таму бензинот се продава по околу 1,72 евра за литар, додека дизелот чини приближно 1,97 евра. Тоа значи дека литар дизел во Србија е за околу 32 евроценти поскап отколку во Македонија. Уште повисоки се цените во Грција, каде бензинот и дизелот се движат околу границата од 2 евра за литар. Бензинот е околу 2 евра, а дизелот нешто под таа цена. Најскапо гориво меѓу соседите има Албанија. Бензинот таму чини околу 2,04 евра за литар, а дизелот околу 2,23 евра. Во споредба со Македонија, разликата е околу 53 евроценти кај бензинот и речиси 58 евроценти кај дизелот. Ако се пресмета резервоар од 50 литри, во Македонија за бензин би биле потребни околу…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
