klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија поврзана со Европа и светот: 2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци

Македонија поврзана со Европа и светот: 2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 07:28:39

Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија.Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%. Овие резултати значат повеќе туристи, повеќе гости, повеќе работа за туристичкиот и услужниот сектор и дополнителен придонес кон економскиот развој, се наведува во соопштението на владејачката партија. Бројките се најдобар показател дека политиките даваат резултат. -Владата продолжува посветено да работи на развој, инвестиции и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот, се посочува во соопштението.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti