klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Македонија поразена и од Шведска на јуниорското ЕП

Македонија поразена и од Шведска на јуниорското ЕП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·01. 08. 2026. 16:09:46

Ракометната селекција до 18 години го претрпе и третиот, пораз на ЕП во Белград. Во натпревар кој директно решаваше за третото место во А групата, подобра од Македонија беше селекцијата на Шведска која го доби натпреварот со 29-33. Од самиот старт противникот ја наметна својата игра и го отвори натпреварот со три врзани голови (0-3), на кои македонските јуниори не успеаја да одговорат. Шведска ја контролираше играта и во продолжението, фала неколку наврати имаше и најголеми шест голови предност. Сепак македонските јуниори со серија од 4 гола на полувреме замина со негатива од два гола 16-18. Во продолжението на првенството избраниците на селекторот Горан Кузмановски ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место. Трајче Костов и Горазд Дамчевски блеснаа со по осум гола, додека со пет мечот го заврши Бобан Поповски. Во шведскиот табор најефикасен со шест реализации беше Филип Пастуховиќ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti