Македонија на нова енергетска мапа

По три децении поврзаност од една гасна маршрута, Македонија првпат добива реална можност да стане дел од европската енергетска мрежа што ќе носи природен гас од повеќе извори. Вклучувањето во проширениот „Вертикален коридор“ е стратешка одлука што може да ја промени позицијата на земјата на енергетската карта на Југоисточна Европа. Со приклучувањето кон проширениот „Вертикален коридор“, земјата добива шанса за повеќе извори на природен гас, поголема енергетска сигурност и поважна регионална улога. Македонија направи еден од најзначајните чекори во својата енергетска политика во последната деценија. За првпат националниот оператор за пренос на природен гас НОМАГАС учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас што се одржа на 10 јули во Атина, со што земјата официјално се приклучува кон процесот на проширување на иницијативата „Вертикален коридор“. На средбата, покрај НОМАГАС и српскиот оператор „Транспортгас“-Србија, учествуваа и операторите ДЕСФА (Грција), „Булгартрансгас“ (Бугарија), „Трансгаз“ (Романија), „Вестмолдтрансгаз“ (Молдавија), ФГСЗ (Унгарија), „Еустрим“ (Словачка), ГТСОУ (Украина), како и независните оператори „Гастрејд“ и ИЦГБ. На средбата, споменатите компании беа претставени од нивните извршни директори и високи менаџери, анализира НОВА МАКЕДОНИЈА. Договорено формирање заедничка техничка и комерцијална работна група Според договореното, следува формирање заедничка техничка и комерцијална работна група, која ќе ги анализира расположливите…

