„Македонија меѓу топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност, резултат на системските политики и законските решенија на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување. Овој резултат е потврда дека Македонија се движи во вистинска насока и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен, организиран и системски пристап кон сајбер-безбедноста. Еден од клучните чекори во тој процес е воспоставувањето нова законска рамка, со која јасно се дефинираат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи. Со новите решенија се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведуваат обврски за пријавување безбедносни инциденти и се зајакнуваат механизмите за заштита на суштинските и важните субјекти. Тоа значи дека сајбер-безбедноста повеќе не се третира само како проблем на кој се реагира откако ќе се случи инцидент. Наместо тоа, се гради систем со јасно утврдени одговорности, правила и механизми за превенција, навремена реакција и заштита. За граѓаните, ваквиот пристап значи побезбедни дигитални јавни…

