klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија има најниско ценовно ниво во Европа според индексот на Евростат

Македонија има најниско ценовно ниво во Европа според индексот на Евростат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·28. 07. 2026. 07:44:53

За потрошувачката кошничка во Европската Унија во просек се потребни 100 евра, во Македонија се потребни помалку од 50 евра, а во Исланд за истата кошничка треба да се издвојат речиси 184 евра. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за нивото на цените во Европа, кои уште еднаш ги потврдуваат длабоките ценовни разлики помеѓу северот и југоистокот на континентот. Сепак, експертите што го толкуваа истражувањето на Евростат нагласија дека овие бројки не треба да се читаат изолирано, при што го подвлекоа фактот дека индексот ја мери цената на стоките и услугите, но не ги зема предвид приходите и куповната моќ на населението, пренесува НОВА МАКЕДОНИЈА. Исланд останува убедливо најскапа европска држава Според индексот на ценовните нивоа, Исланд повторно е најскапа држава во Европа. За производи и услуги што во ЕУ чинат 100 евра, таму се плаќаат дури 183,7 евра. Веднаш зад него се: Швајцарија – индекс 181 Луксембург – 148 Данска – 140,2 Ирска – 139,6 Норвешка – 138,4 Во овие земји високите плати, силните валути и високите трошоци за работна сила се главните фактори што ги туркаат цените нагоре. Особено се скапи услугите – рестораните, сместувањето, личните услуги и транспортот, каде што платите имаат значително влијание врз конечната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti