klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“

Македонија го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·30. 06. 2026. 05:48:27

Во Командата на Балканските медицински наменски сили - БМНС, касарна Илинден - Скопје, денеска заменикот министер за одбрана Адмир Шабани ќе се обрати на свеченост организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на обврската „рамковна земја“ на БМНС. Со оваа свеченост, како што информираат од Министерството за одбрана, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека претседавањето со Управниот одбор го превзема Словенија. На свеченоста ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: 15 години од покренувањето на иницијативата за формирање на БМНС и 10 години од воспоставувањето и отворањето на Постојаната организација на БМНС со седиште во Скопје. Освен заменикот-министер, на свеченоста ќе се обратат и досегашниот и новопоставениот командант на БМНС, полковникот Вељко Милиќ и полковникот Драганчо Војнески и амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti