Македонија го докажува своето место како срце на Балканот: Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети

Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Потпишувањето е во Владата, а присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Бен Нупнау - заменик шеф на Делегацијата на ЕУ, Фатих Туркменоглу – директор на ЕБОР за Македонија, Бјорн Габриел, директор на ЕИБ во Македонија, како и директорот на Железници - Инфраструктура, Синиша Ивановски. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот коридор 8. Во текот на оваа година се очекува да почнат работите на терен. Есенва е предвидено да се избере изведувач и веднаш потоа да се почне со работа. Веќе има активен тендер за избор на надзор и се оди во две фази, предфквалификација која е во финиш и квалификација, а тендерот за градба ќе биде во една фаза. -Денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада…
Povezane vijesti

Bogdanović objavio treći spisak imena dobitnika državnih stanova i kredita

Tko iz Sabora kuha, tko čisti zahode, a tko mijenja posteljinu? Bulj: 'Bit ću pošten'
