Македонија е една од европските земји која прави најмалку отпад на секое поле

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. „Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад“, заклучиле во ДЗС. Статистиката го измерила и отпадот што настанува од економската активност во државата - нашата индустрија во 2024 година создала 1,2 милион тони или на жител 655 килограми годишно. Ова е драстично помалку од европскиот просек, каде што индустријата знае да создаде и по неколку илјади килограми индустриско ѓубре на жител. Каде и какво ѓубре прават граѓаните? Најголемиот дел од комуналниот отпад, дури 84 отсто, доаѓа директно од нашите домаќинства, а преостанатите 16 отсто ги прави комерцијалниот сектор - продавници, ресторани и канцеларии, кои своето ѓубре го одлагаат во посебни комунални контејнери. Структурата на ѓубрето од домаќинствата покажува дека во нашата држава многу малку се селектира. Огромен дел, 553 илјади тони од отпадот, е мешано ѓубре. Од селектираниот…


